ОДГОВОР НА ПРЕТСТАВКАТА ЗА РАНЛИВИТЕ ПОТРОШУВАЧИ

Министрството за енергетика нѝ одговори на претставката, а веќе презеде и конкретни чекори за заштита на ранливите категории. Граѓанскиот притисок, но и конструктивниот дијалог очигледно дека даваат резултати.

ИНРМ

7/22/20251 мин читање

Почитувани,

Министерството за енергетика , рударство и минерални суровини со должно внимание ја разгледа Вашата претставка поднесена на 27.6.2025 година , во врска со итната потреба од воспоставување на систем за заштита на ранливи потрошувачи пред почетокот на зимата 2025/2026. Со овој допис сакаме да Ве информираме за преземените активности и идните чекори во насока на исполнување на законските обврски и обезбедување на поддршка за ранливите категории граѓани.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува целосно посветена на почитување на законски предвидените рокови утврдени со новиот Закон за енергетика („Службен весник на РСМ44, бр. 135/2025 и бр. 101/25), кои се однесуваат на заштитата на ранливите потрошувачи. Заштитата на овие категории граѓани е врвен приоритет за нас, и Ве уверуваме дека Министерството активно работи на создавање функционален систем за нивна поддршка, без потреба од дополнителни потсетувања, бидејќи ова прашање е во фокусот на нашите политики.

Во согласност со член 311 од Законот за енергетика, Министерството веќе презема чекори за изработка на Методологија за мерење на животот на енергетска сиромаштија. Оваа Методологија е во напредна фаза на подготовка и се очекува да биде финализирана пред предвидениот законски рок, со цел да се овозможи нејзина примена пред почетокот на грејната сезона 2025/2026. За таа цел, Министерството тесно соработува со Министерството за социјална политика, демографија и млади и со Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), како и со други релевантни институции и локални самоуправи.

Во однос на Вашите конкретни барања, би сакале да Ве информираме за следново:

  1. Методологија со која се дефинира начинот за мерење на нивото па енергетска сиромаштија во Република Северна Македонија како и начинот за определување на статус на домаќинство во состојба на енергетска сиромаштија. На следниот линк повеќе детали: reformska-agenda-file-0ZaN.docx. Очекуваме оваа Методологија да биде финализирана значително пред крајниот рок.

  2. Функционален регистар на ранливи потрошувачи: Во координација со Министерството за социјална политика, демографија и млади и Регулаторната Комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад , работиме на воспоставување на функционален регистар за идентификација и автоматска заштита на ранливите потрошувачи. Овој регистар ќе биде достапен за социјалните служби, снабдувачите и локалните самоуправи.

  3. Итна исплата на субвенции: Согласно објавеното соопштение за јавност од Министерството, финансиската поддршка за 407 одобрени домаќинства за 2025 година. вклучувајќи 313 домаќинства со деца со попреченост и 94 загрижувачки семејства, ќе започне со исплата, во форма на намалување на месечните сметки за електрична синергија. Министерството обезбеди околу 6 милиони денари од Буџетот за 2025 година за оваа намена. Условите за поддршка се внимателно осмислени за да се обезбеди помош за сите на кои им е вистински потребна, при што Министерството нема влијание врз бројот на пријавени. Токму затоа, преку новата Методологија се стремиме кон прецизна идентификација на реалниот број на ранливи потрошувачи, избегнувајќи злоупотреби од минатото и обезбедувајќи правична и транспарентна распределба на поддршката врз основа на релевантни индикатори за проценка на бројот на ранливите потрошувачи во согласност со принципите на транспарентност и отчетност и врз основа на претходното креирање на соодветни мерки преку однапред утврдени постапки и критериуми, се со цел систематско намалување на бројот на ранливите потрошувачи и подобрување на условите за живот кај овие категории. Дополнително, Министерството веќе достави предлог до Владата за нова Програма со која се проширува опфатот на ранливите категории, со што ќе се зголеми бројот на корисници на поддршка во 2025 година. Очекуваме наскоро да биде објавен нов јавен оглас за пријавување на домаќинствата кои ги исполнуваат условите, придружен со комуникациска кампања за информирање на граѓаните.

  4. Механизми за автоматска вклученост и забрана за исклучување: Работиме на воспоставување механизми за автоматска вклученост на ранливите потрошувачи во системот за заштита. Забраната за исклучување од енергетската мрежа во зимски услови, без дополнителни бирократски бариери е веќе ефективна според донесената Програма за заштита на ранливите потрошувачи за 2025 година.

Министерството за енергетика, во соработка со Владата, РКЕ и Министерството за социјална политика, демографија и млади, се целосно посветени на исполнување на уставните и законските обврски за заштита на ранливите потрошувачи, со приоритет на социјалната правда и еднаквост пред Законот. Овие активности не само што се во рамките на Законот за енергетика, туку и ја одразуваат нашата заложба за правична енергетска политика и достоинствен пристап до енергија за сите граѓани.

Ви благодариме за Вашата ангажираност и укажаната доверба. Министерството останува отворено за понатамошна соработка и дијалог со сите засегнати страни во насока на обезбедување ефикасна и навремена имплементација на мрките за заштита на ранливите потрошувачи