Овој калкулатор е дизајниран да им помогне на потрошувачите да проверат колку отстапува фактурираната од реалната потрошувачка на електрична енергија и да побараат да се изврши корекција на фактурите ако постоеле периоди кога не е извршено редовно мерење или отчитување на струхомерите од страна на ЕВН
Согласно член 185 став 2 од Законот за енергетика (Службен весник на РСМ, бр. 101 од 21.5.2025 година):
Ако за одреден пресметковен период не е извршено мерење на потрошената електрична енергија, ЕВН издава фактура врз основа на претпоставена потрошувачка.
Еднаш на три месеци, претпоставената потрошувачка се усогласува со реалната, и се издава коригирана фактура за тој период.
Потрошувачите можат да побараат јасно и разбирливо објаснување за начинот на кој е пресметана коригираната фактура.