ЗЕМАК: Презентација на проектот и дискусија за ПАХЕЦ Чебрен

10/20/20231 мин читање

СООПШТЕНИЕ:
Здружението на енергетичари на Mакедонија (ЗЕМАК- www.zemak.mk) на 2. ноември 2023 (четврток) во Стопанска комора на Македонија (V кат, голема сала) со почеток во 12 ч. организира тематска панел дискусија на тема:
„Презентација на проектот и дискусија за ПАХЕЦ Чебрен“.
Панелисти:
д-р Вангел Фуштиќ (ЗЕМАК)
м-р Виктор Андонов, дипл.ел.инж., Директор, Сектор за развој и инвестиции – ЕСМ
д-р Александар Дединец, виш научен соработник при МАНУ
д-р Ристо Јаневски дипл.ел.инж. (ЗЕМАК)
Се покануваат сите заинтересирани професионалци во енергетиката, граѓани и останати релевантни субјекти да земат учество на настанот.
Настанот е отворен за медиумите.
(Дополнително изјави се предвидени по завршување на дебатата)
Претседателство на ЗЕМАК
Драган Мијалковски, дипл.инж. (Потпретседател на ЗЕМАК)