ТРИБИНА Чебрен / Битола 28 Октомври 2023

Партијата Десна, со обезбедување на сала и видео пренос даде реална, а не декларативна, поддршка на заложбата на инженерите пред јавноста да ја презентираат вистината за штетата (злочинот) која се прави со издавањето на ПАХЕЦ Чебрен на 60 годишна концесија на странци.

ЧЕБРЕН

ИНРМ

10/29/20231 мин читање

Каде, ако не во Битола?

Битола не е само град на конзулите, Битола е град на енергетичарите, но не оние енергетичари кои од клупи стануваат директори на државни компании, туку енергетичари практичари, енергетичари кои зад себе имаат години и години искуство!

Овие инженери, вчера во детали објаснија зошто ЧЕБРЕН и ВОДИТЕ на реката Црна МОРААТ ДА БИДАТ МАКЕДОНСКИ, и зошто ЧЕБРЕН Е МАКЕДОНСКИ ОБЕДИНУВАЧКИ НАЦИОНАЛЕН ПРОЕКТ.

Партијата Десна, со обезбедување на сала и видео пренос даде реална, а не декларативна, поддршка на заложбата на инженерите пред јавноста да ја презентираат вистината за штетата (злочинот) која се прави со издавањето на ПАХЕЦ Чебрен на 60 годишна концесија на странци.

Свесни сме дека само тој што работи може и да погреши. Свесни сме и дека времињата се менуваат, дека се нови светските и домашните прилики и дека програмските заложби за Чебрен, испишани во некои стари партиски програми, од денешен аспект секако дека би претрпеле измени.

Нам инженерите на Република Македонија, ни треба помош и поддршка од целото македонско население и до членовитe и симпатизерите на сите партии кои Македонија ја имаат за единствена татковина.

ДОЈДЕТЕ И ПОДДРЖЕТЕ НЕ на 2-ри ноември 2023 (четврток) во Стопанската комора на Македонија во 11.30 часот каде на достоинствен начин со прашања и дебата ќе земеме учество на панел дискусијата организирана од Здружението на енергетичари на Mакедонија – ЗЕМАК. Панелисти на тема: „Презентација на проектот и дискусија за ПАХЕЦ Чебрен“ ќе бидат Проф. д-р Вангел Фуштиќ (ЗЕМАК); М-р Виктор Андонов, дипл.ел.инж., Директор, Сектор за развој и инв. – ЕСМ; Д-р Александар Дединец, виш научен соработник при МАНУ и д-р Ристо Јаневски дипл.ел.инж. (ЗЕМАК).

Поканети да учествуваат на настанот се и сите заинтересирани професионалци во енергетиката, граѓани и останати релевантни субјекти. Настанот ќе биде отворен за медиумите.

Со себе понесете и некое шише вода (што е симболика на акцијата „ЧЕБРЕН И ВОДИТЕ МОРААТ ДА БИДАТ МАКЕДОНСКИ“).