ТЕХНИЧКИ КОНФИГУРАЦИСКИ МОЖНОСТИ НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ БРОИЛА
До ЕВН поднесовме барање за информации поврзани со техничките конфигурациски можности на електричните броила кои се користат кај домаќинствата и стопанствата, имајќи при тоа предвид дека броилата се инсталираат, управуваат и верификуваат од оператор кој е природен монопол. Нагласивме дека не прашуваме дали се изведуваат конкретни промени, туку дали овие технички можности постојат и дали се поддржани од софтверските и хардверските карактеристики на броилата.
ИНРМ
6/15/20251 мин читање


До:
ЕВН Македонија, АД Скопје
Лазар Личеноски бр.11, 1000 Скопје
БAРАЊЕ
ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Од:
ИНРМ
Е-маил: contact@inzenerinarm.org
Почитувани,
Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на РСМ“ бр. 101/2019), а во контекст на нашето претходно барање до Бирото за метрологија (нивен архивски број 0302-1777/1 од 09.06.2025), Ве молиме да ни доставите информации поврзани со техничките конфигурациски можности на електричните броила кои ги користите кај домаќинствата и стопанствата, со посебен акцент на моделите: Iskra MT174-D1A54-M3KО, 0.5–10(80)A; Iskra MT174-D1A54-M3KОZ, 0.5–10(80)A и Iskra MT382H2-D1A54-14V12V13P0B11L11-M2K0agnZ
Ги бараме следниве информации:
1. Дали конкретните модели овозможуваат конфигурирање на:
множител (multiplier) (на пример ×1.1, ×1.2, ×2),
тарифни распореди и активни зони (дневна/ноќна/викенд/викенд-дневна),
тип на основа за мерење (директно, CT/VT, монофазна/трифазна)?
2. Дали наведените модели на броила можат да се конфигурираат:
далечински (remote, преку AMM/SCADA/Head-End систем),
или on-site преку оптички интерфејс, RS485, или друг локален комуникациски канал?
3. Дали броилата автоматски водат логови на интервенции и промени (пр. поставување множител, промена на тарифен профил)? Ако да, кој има пристап до тие логови?
4. Дали множителот може да се смени додека броилото е активно (мери)?
5. Дали е технички можно да се конфигурира броило како трифазно на монофазен приклучок?
6. Дали кај конкретните модели е можно да се промени класата на точност (на пр. од 1.0 на 2.0) за време на активна употреба?
7. Дали броилото MT382H2 овозможува пристап до параметарот ENERGY CALCULATED as SQR додека е во активна функција?
Информациите кои ги бараме се од суштински јавен интерес бидејќи државните институции (според добиениот одговор од Бирото за метрологија) немаат увид во конфигурациските податоци, ниту независна надлежност за верификација на тие параметри, а техничките конфигурациски можности на електричните броила директно влијаат врз сметките на граѓаните. При тоа се има предвид дека броилата се инсталираат, управуваат и верификуваат од оператор кој е природен монопол. Нагласуваме дека не прашуваме дали се изведуваат конкретни промени, туку дали овие технички можности постојат и дали се поддржани од софтверските и хардверските карактеристики на броилата.
Наведените информации бараме да ни бидат доставени во електронска форма преку е-пошта или во писмена форма, согласно законски предвидениот рок и согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во Скопје, 16.06.2025 година