ОДГОВОР ОД БИРОТО ЗА МЕТРОЛОГИЈА НА НАШЕТО БАРАЊЕ ЗА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Бирото за метрологија ни одговори коректно и навремено на сите поставени прашања

ИНРМ

6/15/20251 мин читање

ОВА СЕ БАРАНИТЕ ИНФОРМАЦИИ И ОДГОВОРИТЕ НА ИСТИТЕ

1. Дали е инсталиран, технички проверен и ставен во функција државниот еталон - софистицираната опрема за тестирање и верификација на броила (трифазен систем за мерење) - кој, според Министерството, повеќе од 7 години стоел неискористен во просториите на Бирото за метрологија?

  • Одговор: Трифазниот систем за броила за електрична енергија до овој момент не е ставен во функција.

2. Доколку опремата се уште не е ставена во функција, во која фаза се тендерската постапка, техничката проверка, инсталацијата и обуката на персоналот и кога се очекува почеток на активна работа?

  • Одговор: На 12.06.2025 година објавен е оглас број 10614/2025 - Услуга за инсталација и обука на ZERA MT310-5.

3. Дали физички лица (граѓани - крајни потрошувачи) можат да побараат од Бирото за метрологија проверка и/или верификација на сопствено електрично броило, и која е постапката за тоа? Кој ги сноси трошоците доколку уредот е точен, а кој ако се утврди отстапување?

  • Одговор: Во Бирото за метрологија не може да се поднесе барање за исправност на броила. Засега Барање за исправност на броила до Архивата на Биро за метрологија поднесува ЕВН, откако претходно потрошувачот поднел барање за проверка на исправност на мерила во ЕВН, а во барањето навел дека бара проверката да биде извршена во присуство на вработен од Биро за метрологија.

4. Колку поплаки или индивидуални пријави од граѓани за сомнеж во точноста на броила се примени од 1 јануари 2023 до 31 мај 2025 година, и колку од нив резултирале со утврдени отстапувања од дозволената класа на точност?

  • Одговор: Таков податок за вкупни пријави од граѓани Бирото за метрологија не може да даде, бидејќи граѓаните не доставуваат поплаки до Бирото за метрологија.

5. Кога последен пат Бирото извршило инспекциски надзор над лабораторијата на ЕВН, и какви биле наодите од тој надзор?

  • Одговор: Телото за инспекција на броила за ЕЕ на ЕВН е акредитирано од страна на ИАРСМ.

6. Кои типови и модели на електрични броила моментално се користат кај домаќинствата и малите потрошувачи и дали Бирото располага со технички податоци (класа на точност, опсег, комуникациски капацитети и сл.) кои можат да бидат ставени на увид на јавноста?

  • Одговор: Бирото за метрологија не води регистар на верифицирани броила.

7. Дали Бирото за метрологија може да овозможи стручно-информативна посета на група инженери и состанок со техничкиот персонал од лабораторијата за електрични големини, со цел запознавање со применетите стандарди, методологии, мерна опрема и процесите на верификација?

  • Одговор: Да, може, по претходно утврден и договорен термин од двете страни.