НАНО ДИЈАМАНТСКА БАТЕРИЈА

Батерија направена од нуклеарен отпад која може да трае 28.000 години

ЗАНИМЛИВОСТИ

Дениз Мустафаоглу

10/25/20231 мин читање

Компанијата NDB од Калифорнија произведува батерија која создава електрична енергија од нуклеарен отпад. Компанијата тврди дека батеријата се полни самостојно и дека може да работи 28.000 години со едно полнење. Направена е со заробување на нуклеарниот отпад (јаглерод-14) во куќиште на вештачки дијамант. Работи така што радиоактивниот отпад предизвикува дожд од електрони кој генерираат електрична енергија, при што дијамантската обвивка спречува истекување на радијација.

Батеријата може да напојува електрични возила, дронови, мобилни телефони, таблети, часовници, камери и сензори. Може да произведува електрична енергија за домаќинствата, каде вишокот би се дистрибуирал низ мрежата, а може и да ги напојува со електрична енергија ракетите, вселенските летала, сателитите и вселенски станици.

Компанијата NDB проценува дека во светот има 34 милиони кубни метри нуклеарен отпад и дека управувањето, односно отстранувањето на овој отпад ќе чини над 100 милијарди долари. Голем дел од овој отпад е графит кој е најскап и најризичен за складирање, а компанијата NDB токму овој отпад го користи за да ги направи батериите.