Која е стратегијата за обезбедување на Македонија со електрична енергија во следниот период?

Сите ние кои мислиме и сме загрижени за стратегијата на Македонија за обезбедување со електрична енергија во следниот период се прашуваме која е стратегијата за обезбедување со електрична енергија на Македонија? Повеќе од очигледно е дека надлежните во Македонија немаат стратегија во тој однос.

РЕК БИТОЛА

Илија Бендевски

10/13/20231 мин читање

Пред неколку денови, меѓу другото со пријател професор инженер начнавме тема: изградба на гасна електрана во Македонија.

Меѓу другото беше речено дека и гасот е исто фосилно гориво и тој загадува како и другите фосилни горива.

Гасот е јагленоводород и при неговото согорување исто така има емисија на јагленород диоксид, но во ниту едни анализи на било која економија не е зацртано догледно напуштање на природниот гас за енергетски потреби.

Природниот земен гас загадува за половина помалку од другите фосилни горива.

Најсилните економии и сега прават долгогодишни договори за купување на земен природен гас со земјите кои го имаат и продаваат истиот.

Значи, во догледно време ниту една светска економија нема да се откаже од земниот гас како енергетско гориво.

Сите ние кои мислиме и сме загрижени за стратегијата на Македонија за обезбедување со електрична енергија во следниот период се прашуваме која е стратегијата за обезбедување со електрична енергија на Македонија?

Повеќе од очигледно е дека надлежните во Македонија немаат за тоа стратегија.

1. Иако е предвидено потполно гаснење на РЕК БИТОЛА ДО 2030 година, дури и за толку краток период е повеќе од исплатливо отворањето на рудникот за јаглен Живојно. Имено процената на трошоците по студијата направена од еминентни екс југословенски куќи (од 2012 година) е околу 160 милиони евра. Тоа е минорен трошок, кога за купување не електрична енергија сега годишно се трошат повеќе пари. Дополнително ќе има и раздвижување на голем дел од економијата со таа акција. Дека владата и одговорните за оваа област немаат стратегија, поткрепува и фактот дека во истата година кога од страна на ЕСМ е побарано изготвување на оваа студија, се инвестирани околу 100 милиони евра во реконструкција на блоковите 2 и 3 во РЕК БИТОЛА со цел подигање на нивната моќност од 220 на 235 MW. Сосема непотребно беа фрлени пари без план за брзо отворање на Живојно.

2. Освен во РЕК БИТОЛА, каде може да се обезбеди брзо и евтино производство на електрична енергија за потребите на Македонија, постои можност и за изградба на две гасни електрани со моќност од по 200MW во склоп на ТЕЦ НЕГОТИНО, кои ќе работат како комбинирана електрана со постоечката електрана. Така со изградба на овие две гасни електрани со моќност од 2 х 200MW, ќе се добијат уште 200MW од нивната отпадна енергија која ќе се уфрла во постоечките котли на електраната. Со ваква комбинирана изведба на ТЕЦ НЕГОТИНО ќе се добијат потребните 600MW. Покасно според потребите и со блоковите во РЕК БИТОЛА, можe да се направи истото. Со ова ќе се добие потребната енергија, а ќе се добие и поголема флексибилност во поглед на нивното побрзо стартување, за разлика од сегашното со користењето на класично гориво во нив.

3. Цената на чинење за изградба на гасна електрана на светско ниво е околу 0.82 милиони евра по MW, - што значи дека за двете нови гасни електрани се потребни околу 320 милиони евра што се минорни во однос на тоа на што сега се расфрлаат парите.