ДАЛИ ПОНУДИТЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА БРЗАТА ЖЕЛЕЗНИЦА СМЕАТ ДА БИДАТ КЛАСИФИЦИРАНИ ИНФОРМАЦИИ?

Одговорајќи на новинарско прашање во врска со меѓународните банки и финансиски институции кои се пријавија да ја финансиираат брзата пруга од Коридорот 10, премиерот Христијан Мицкоски изјави: “Сите понуди се доверливи и така ќе ги третираме додека не се избере најповолната и додека не се декласифицира за да можеме да ја соопштиме во јавноста. Граѓаните да бидат мирни и спокојни, сигурно нема да класифицираме и склучуваме договори како во минатото кога се носеа на шверцерски начин со злоупотреба на европското знаме. Она што ние ќе го прифатиме ќе биде најдобро, јас сум оптимист дека така и ќе биде, ние работиме исклучиво и само во интерес на граѓаните“

дипл. маш. инж. Дениз Мустафаоглу

7/15/20251 мин читање

Меѓутоа Законот за класифицирани информации (чл. 6, т. 3) јасно утврдува дека класифицирани можат да бидат само информации што се однесуваат на

  • · јавната безбедност,

  • · одбраната,

  • · надворешните работи или

  • · безбедносните и разузнавачки активности на државата.

Финансиски понуди од меѓународни банки и институции за изградба на инфраструктура не спаѓаат во ниту една од овие категории. Овие понуди воопшто не можат да содржат информации кои би можеле да загрозат национална безбедност или претставуваат дел од осетливи меѓудржавни договори со сериозна геополитичка тежина.

Според член 8 од истиот закон, основа за класификација не е политичка одлука или лична проценка, туку исклучиво содржината на информацијата. Кога премиерот изјавува дека „сите понуди се доверливи додека не се избере најповолната“, тоа не е правен аргумент, туку политичка изјава без законска основа. Класификацијата не може да се користи како средство за селективно објавување информации кога тоа и одговара на оваа или било која претходна или наредна Влада.

Изјавата дека информациите ќе бидат декласифицирани „кога ќе се избере најповолна понуда“ не е правно основана – бидејќи пред сé воопшто не се исполнети условите овие информации да биат класифицираи, а бидејќи се работи за произволно одредување на статусот на информациите, ова може да се толкува како обид за избегнување транспарентност и јавна одговорност.

Овој случај ја отвора важната тема за честата злоупотреба на Законот за класифицирани информации и класифицирањето во јавните договори, што е пракса за прикривање на јавните информации за значајни инфраструктурни и буџетски прашања.