Барање за информации од јавен карактер до Министерството за енергетика во врска со изјавата на премиерот за субвенционирањето на цената на струјата за домаќинствата

Поднесено е барање за информации од јавен карактер до Министерството за енергетика поврзано со изјавата на премиерот Христијан Мицкоски од 28.11.2025 година, со која јавно беше соопштено дека Владата нема да ги спроведува чекорите за либерализација на пазарот на електрична енергија и ќе продолжи да ја субвенционира цената на струјата за домаќинствата

ИНРМ

12/1/20251 мин читање

До:

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Ул. Македонија Бр. 27 Скопје - Центар 1000 Скопје

Б A Р А Њ Е

ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на РСМ“ бр. 101/2019), а имајќи ја предвид изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дадена на 28.11.2025 година, во која јавно беше соопштено дека Владата нема да ги спроведува чекорите за либерализација на пазарот и ќе продолжи да субвенционира цената на струјата за домаќинствата, Ве молам да ни обезбедите копија од документот со кој Владата го известила Секретаријатот на Енергетската заедница за одлуката да не ги спроведува чекорите за либерализација на пазарот на електрична енергија, предвидени во Планот за раст 2024–2027 година, и за продолжување на субвенционираната цена на електричната енергија за домаќинствата.

Со оглед на тоа дека одлуката има јавно значење за енергетскиот сектор, финансиската состојба на државниот снабдувач АД ЕСМ и транспарентноста на енергетскиот пазар, барањето се поднесува врз основа на:

  • Член 6 став 10 и 11 и Член 300 од Законот за енергетика (Службен весник на РСМ бр. 101/2025);

  • Член 5 ставови 8 и 9 од Директивата (ЕУ) 2019/944.

Ве молам да ни доставите копија од:

  1. Сите официјални документи и известувања кои Владата ги поднела до Секретаријатот на Енергетската заедница во врска со одлуката за одложување на либерализацијата на пазарот на електрична енергија;

  2. Сите извештаи, анализа или образложение кои ја оправдуваат одлуката за продолжување на субвенционираната цена на електричната енергија за домаќинствата.

Со почит,

ИНРМ