„Секој Договор може да се поништи, но прашањето е, во овој договор какви непристојни клаузули ќе внесе оваа власт, па во случај на поништување на договорот што и колку ќе треба да се плати.“

„Ако е веќе покажано дека Чебрен е економски оправдана, Владата не дава одговор зашто не сака таа да го направи, а истовремено таа е подготвена и способна да финансира проект од милијарда и петстотини милиони евра за еден автопат кој што нема економска оправданост туку само социјална оправданост. Таа не сака да земе профитабилен проект многу поефтин којшто ги враќа парите. Изградбата се отплатува за 15 години и после прави профит за граѓаните на Македонија, со македонски пари, македонски ресурси на македонска земја.“

ЧЕБРЕН

Дениз Мустафаоглу

11/5/20231 мин читање

Извадок од дискусијата на професорот Константин Димитров:

„Чебрен не е енергетски објект. Тој пред се е водостопански објект кој што треба да акумулира над 700 милиони кубни метри вода. 65 проценти од водата треба да бидат предвидени за системот за водоснабдување на Македонија: за наводнување на плодните површини и вода за пиење, а дел од тоа би бил предвиден за производство на електрична енергија. Електричната енергија којашто би се произведувала со овие хидроцентрали е 380 GWh/годишно што е двојно повеќе од ХЕЦ Тиквеш, а претставува само 4% проценти од потребите на Македонија за електрична енергија“

„Во Македонија сѐ поинтензивно е градењето на приватни капацитети на сончеви централи и при тоа најповолните локации за изградба на сончеви колектори се дадени на приватни лица да инвестираат. Македонија нема придобивки од таквите инвестиции. Таа произведена електрична енергија се продава на берза по берзанска цена. Македонија преку Електростопанство на Македонија ја купува таа електрична енергија по берзанска цена. Нема разлика дали таа електрична енергија е купена од овие приватни постројки во Македонија или се тие во Бугарија или во Германија. Оваа електрична енергија не е домашна. Таа е чисто економска категорија која што се купува на берза. Нема придобивки од тоа, а ги дадовме и ги даваме најповолните локации за изградба на полиња со сончеви колектори. Државата преку своите организации не вложува во изградба на сопствени полиња со сончеви колектори и ветерни паркови каде што таа произведена електрична енергија би ја користела да обезбеди на граѓаните прифатлива цена за истата.“

„Ако е веќе покажано дека Чебрен е економски оправдана, Владата не дава одговор зашто не сака таа да го направи, а истовремено таа е подготвена и способна да финансира проект од милијарда и петстотини милиони евра за еден автопат кој што нема економска оправданост туку само социјална оправданост. Таа не сака да земе профитабилен проект многу поефтин којшто ги враќа парите. Изградбата се отплатува за 15 години и после прави профит за граѓаните на Македонија, со македонски пари, македонски ресурси на македонска земја.“

„Секој Договор може да се поништи, но прашањето е, во овој договор какви непристојни клаузули ќе внесе оваа власт, па во случај на поништување на договорот што и колку ќе треба да се плати.“

Во продолжение погледнете го целото интервју: