Чебрен не е за прибирање политички поени!

ИНРМ ја информира јавноста дека се оградува од политичката конотација на настанот каде политичката партија ДЕСНА денес организира трибина во Битола

ЧЕБРЕН

ИНРМ

10/28/20231 мин читање

Ја известуваме јавноста дека Здружението на инженери на Република Македонија, се оградува од секакво партиско вмешување кон иницијативата „ЧЕБРЕН И ВОДИТЕ МОРААТ ДА БИДАТ МАКЕДОНСКИ“. Нашите заложби се искрени, не се декларативни! Сите најголеми политички партии, и позициски и опозициски, имаат идентична програмска определба дека Чебрен треба да се изгради по пат на јавно-приватно партнерство при што државниот влог во тоа партнерство е ХЕЦ Тиквеш. Од тие причини оваа наша заложба нема масовност бидејќи и ВМРО ДПМНЕ и СДСМ и ДУИ се свесни за нивните заложби запишани во нивните партиските програми.
Заложбата на Инженерите на Република Македонија е Чебрен да биде изграден како македонска инвестиција, а со ХЕЦ Тиквеш и со водите на реката Црна да располага нашата држава, затоа што тоа е македонско природно богатство.

ИНРМ ја информира јавноста дека се оградува од политичката конотација на настанот каде политичката партија ДЕСНА денес организира трибина во Битола.