Барање за пристап до информации од јавен карактер

На иницијатива на Дејан Трајковски од Здружението на инженери на Република Македонија, а со оглед на законските одредби и приликите во здружението, на 30 септември до Владата, како физичко лице упатив Барање за пристап до информации од јавен карактер за кое денес е добиен конечен одговор

ЧЕБРЕН

Дениз Мустафаоглу

10/30/20231 мин читање

Барањето за пристап до информации од јавен карактер ги содржеше следните прашања:

1. После престанувањето со работа на сите термо електрични централи (ТЕЦ) на јаглен во 2030 година, од кои извори на електрична енергија Владата планира да се снабдува државата?

2. Ако Владата веќе се одлучиле за извор на енергија од фотоволтаици (кои интензивно се рекламираат, но самиот ЕСМ многу малку ги гради), како Владата мисли да го реши проблемот со акумулирање на енергијата за потребите во вечерните часови?

3. Дали Владата е свесна дека ПАХЕ "Чебрен" е најевтината варијанта за складирање на електричната енергија (и тоа е двојно поевтина од литиум-јонските батерии); и не смета ли Владата дека ПАХЕ "Чебрен" ни треба целиот, а не одвај 1/3?

На 2. Октомври од Владата добивме одговор дека Барањето е проследено до Генералниот секретаријат на Владата на понатамошно постапување. Потоа на 13. Октомври добивме писмен одговорзаведен со датум од 5. Октомври во кој наведуваат дека Генералниот секретаријат на Владата барањето го доставило на надлежност и постапување до АД Електрани на Северна Македонија.

Денес на 30. Октомври по електронска пошта добиен е одговор од АД Електрани на Северна Македонија во кој се доставени два документа:

1. Решение за позитивен одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер и

2. Стратегија за развој на енергетиката во Република Северна Македонија до 2040 година

Сите документи и целата коресподенција се дадени како прилози на оваа објава, при што за Стратегијата за развој на енергетиката во Република Македонија до 2040 година има посебен линк.